Posts

Лесно е да си среќен кога си дете

Image
Насмеј му се, со насмевка ќе ти врати, подај му бонбонче, вечно ќе те памти. Среќата која од него зрачи, највесела песна пее, ако дозволиш да те допре, срце ќе ти згрее. Ќе посакаш силно, повторно да си дете, безгрижно, среќно, и в зиме и в лете. Во очите насмевка, одот како песна, да си среќно дете, навистина е лесно. На среќата подај, ти повторно рака, и плови низ животот, задоволен и без мака.  И.С.

Зошто птиците можат да летаат

Image
    Данче и Јован со трчање влегоа во собата на тетка им. Беше договорено тетка им да дојде и да им прочита нова приказна од црвената книга . За среќа, по последното читање, книгата беше оставена на масата меѓу сите оние книги и хартии на тетка им, па децата веднаш посегнаа по неа. Ја зедоа црвената книга од масата, удобно се сместија на софата и почнаа да ги вртат страниците на книгата. Меѓу децата се чувствуваше предноста на Данче, која претходно ја имаше листано оваа книга, додека на Јован ова му беше прва средба со црвената книга. Но, многу брзо таа предност се претвори во заедничка игра, разговор и детска смеа за сликите во книгата. Токму кога дојдоа до страниците со слики од птици, тетка им влезе во собата.     -   Аха, вие без мене сте почнале да читатате приказна за птиците. - со изглумен прекор во гласот ги поздрави тетка им, а потоа веднаш им се насмевна, - да видам која приказна ја избравте, - ги праша со доза на љубопитност во гласот.     - Еве оваа. - скоро едногласно одго

Најсјајната ѕвезда на небото

Image
    - Тето, зошто ти секогаш ме викаш ѕвездичка? - без најава малата Данче го прекина разговорот на возрасните додека сите јадеа седнати на масата за ручек. Никој не знаеше зошто Данче одеднаш го постави тоа прашање, бидејќи откако почна ручекот никој не ја нарече така. Но, никој никогаш нема да дознае што сѐ може да се врти во главата на едно петгодишно љубопитно девојче. А и вистина е дека тетка ѝ често ја викаше ѕвездичка. Тоа име беше резервирано само за нив двете. Данче и тетка ѝ имаа специјална врска, која сега, кога тетка ѝ дојде привремено да живее кај нив, стана многу посилна.      - Ти си мојата ѕвездичка затоа што сјаеш како ѕвездичка со твоите ширум отворени љубопитни очиња. А и твоето име Данче потсетува на најсјајната ѕвезда на небото. - ѝ одговори тетка ѝ и милно се насмевна, на што и останатите на масата се насмевнаа, а Данче се замисли.     - Која е таа најсјајна ѕвезда на небото? - веднаш праша Данче. Данче беше многу љубопитно девојче, сакаше за сѐ да знае сѐ. Постој

Црвената книга

Image
       На најгорната полица со книги, меѓу сите тие црни, темно зелени и кафеави книги, темни, скоро невидливи, срамежливо ѕиркаше една црвена книга. Ретко кој би можел да не ја забележи. И Данче ја забележа во моментот кога влезе во собата на тетка ѝ. Но, не се осмели веднаш да ја побара. Не сакаше да ја вознемири тетка ѝ која беше задлабочена над листовите хартија на масата на која седеше.        Собата на тетка ѝ, како што би помислиле многумина, не може да е некое привлечно место за едно петгодишно девојче. Работна маса со расфрлани листови хартија, отворени книги, но и затворени, малку неуредно наместени една над друга, како коцките за играње на Данче кога таа прави кула од нив. Неколку столици, на едната седи тетка ѝ, а на другите има по неколку отворени и затворени книги, како некој да почнал да ги чита, но не ги дочитал. До масата - софа во златно жолта боја со мали црни цветчиња, на која тетка ѝ знаеше удобно да се смести и да продолжи да гледа во листовите и книгите. Спроти с

Светот на децата

Image
Светот на децата е радост. Светот на децата е среќа. Светот на децата е желба. Светот на децата е сакање. Светот на децата е за храбрите. Светот на децата е за упорните. Светот на децата е за успешните. Светот на децата е за чувствителните. Во светот на децата сѐ е големо,  величенствено, впечатливо,  а иднината се чини толку далечна,  недостижна, таинствена.  Одговорите за непознатото  го бараат во приказните.  А не знаат дека светот во кој живеат  е приказна за возрасните.  И.С.