Светот на децата

Светот на децата е радост.
Светот на децата е среќа.
Светот на децата е желба.
Светот на децата е сакање.

Светот на децата е за храбрите.
Светот на децата е за упорните.
Светот на децата е за успешните.
Светот на децата е за чувствителните.

Во светот на децата сѐ е големо, 
величенствено, впечатливо, 
а иднината се чини толку далечна, 
недостижна, таинствена. 

Одговорите за непознатото 
го бараат во приказните. 
А не знаат дека светот во кој живеат 
е приказна за возрасните. 

И.С.

Print Friendly and PDF

Comments