Posts

Showing posts from January, 2022

Најсјајната ѕвезда на небото

Image
    - Тето, зошто ти секогаш ме викаш ѕвездичка? - без најава малата Данче го прекина разговорот на возрасните додека сите јадеа седнати на масата за ручек. Никој не знаеше зошто Данче одеднаш го постави тоа прашање, бидејќи откако почна ручекот никој не ја нарече така. Но, никој никогаш нема да дознае што сѐ може да се врти во главата на едно петгодишно љубопитно девојче. А и вистина е дека тетка ѝ често ја викаше ѕвездичка. Тоа име беше резервирано само за нив двете. Данче и тетка ѝ имаа специјална врска, која сега, кога тетка ѝ дојде привремено да живее кај нив, стана многу посилна.      - Ти си мојата ѕвездичка затоа што сјаеш како ѕвездичка со твоите ширум отворени љубопитни очиња. А и твоето име Данче потсетува на најсјајната ѕвезда на небото. - ѝ одговори тетка ѝ и милно се насмевна, на што и останатите на масата се насмевнаа, а Данче се замисли.     - Која е таа најсјајна ѕвезда на небото? - веднаш праша Данче. Данче беше многу љубопитно девојче, сакаше за сѐ да знае сѐ. Постој

Црвената книга

Image
       На најгорната полица со книги, меѓу сите тие црни, темно зелени и кафеави книги, темни, скоро невидливи, срамежливо ѕиркаше една црвена книга. Ретко кој би можел да не ја забележи. И Данче ја забележа во моментот кога влезе во собата на тетка ѝ. Но, не се осмели веднаш да ја побара. Не сакаше да ја вознемири тетка ѝ која беше задлабочена над листовите хартија на масата на која седеше.        Собата на тетка ѝ, како што би помислиле многумина, не може да е некое привлечно место за едно петгодишно девојче. Работна маса со расфрлани листови хартија, отворени книги, но и затворени, малку неуредно наместени една над друга, како коцките за играње на Данче кога таа прави кула од нив. Неколку столици, на едната седи тетка ѝ, а на другите има по неколку отворени и затворени книги, како некој да почнал да ги чита, но не ги дочитал. До масата - софа во златно жолта боја со мали црни цветчиња, на која тетка ѝ знаеше удобно да се смести и да продолжи да гледа во листовите и книгите. Спроти с