Најсјајната ѕвезда на небото
- Тето, зошто ти секогаш ме викаш ѕвездичка? - без најава малата Данче го прекина разговорот на возрасните додека сите јадеа седнати на масата за ручек. Никој не знаеше зошто Данче одеднаш го постави тоа прашање, бидејќи откако почна ручекот никој не ја нарече така. Но, никој никогаш нема да дознае што сѐ може да се врти во главата на едно петгодишно љубопитно девојче. А и вистина е дека тетка ѝ често ја викаше ѕвездичка. Тоа име беше резервирано само за нив двете. Данче и тетка ѝ имаа специјална врска, која сега, кога тетка ѝ дојде привремено да живее кај нив, стана многу посилна. - Ти си мојата ѕвездичка затоа што сјаеш како ѕвездичка со твоите ширум отворени љубопитни очиња. А и твоето име Данче потсетува на најсјајната ѕвезда на небото. - ѝ одговори тетка ѝ и милно се насмевна, на што и останатите на масата се насмевнаа, а Данче се замисли. - Која е таа најсјајна ѕвезда на небото? - веднаш праша Данче. Данче беше многу љубопитно девојч...